Време за подготовка на сокови.
Направив неколку вида на сок од кајсии, па еве да кажам за фрукталот.
Добро се мијат кајсиите.
На 10 килограми кајсии им се отстрануваат семките и им се додава 2 литри вода.
Вријат околу 10 минути, а потоа се пасираат и се процедуваат.
(Јас си ја употребив машинката за мелење на овошје и отстранување на лушпите.)
Во процедениот сок се додава уште 5 литри вода и се сатава во шерпата на оган. Почнува да врие сокот и се вади пената која излегува.
(Пишав шерпата, затоа што јас не направив една доза туку ставив повеќе кила кајсии, па ми требаше поголем лонец )
Откако ја исфрлав пената, го додавам шеќерот и се промешува. Се вари околу 30 -40 минути. Пред крајот му ставам лимонтус и промешувам. Собирам во шишиња, додека е сеуште топло.
Додека јас го собирам сокот, во друга шерпа ставам вода да се замлачи. Наполнетите и добро затворени шишиња, ги враќам назад во топлата вода која ја ставив претходно. Ги завиткав шишињата да не прснат од огнот и ги оставив да зовријат еднаш, да се вакумираат капачињата.Така ги оставам на оганот се додека не се излагат скрос. Потоа ги редам во гајби и спремни се за конзумирање на зима. Домашните сокови, обично ги користиме на зима, кога нема свежо овошје. На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови