Превкусен тарт кој во секое време може да се најде во прекраните витрини на познатите француски слаткари.
Најпрво се подготвува бисквитот за тартот.
Се меша брашното, солта, шеќерот и потоа се додава путерот исецкан на ситни коцки. Кога убаво ќе се измеша се додава јајцето со 2-3 лажички за кафе вода. Откако ќе се измеси убаво се завиткува во најлонска фолија и се остава 2 часа во фрижидер.
Се подготвува ванила кремот.
Да напомнам дека ова е прекрасен крем кој се користи во многу француски десерти меѓу кои и еклерите.
Се матат жолчките со миксер и се додава шеќерот, кога ке се измати убаво се додава и брашното и густинот. Во тенџере на шпорет се става млекото со ванилата да зоврие. Кога млекото ќе се стопли половината се сипува кај жолчките, а другата се остава да врие. Откако ќе се добие хомогена смеса кај жолчките се додаваат во тенџерето и се месат додека не згуснат. Откако ќе згуснат, се става тенџерето со филот во ладна вода да се олади и се меша цело време. Така креммот станува посјаен и помазен и без грутчиња.
Се остава да олади.
Потоа се подготвува бисквитот за печење.
Се прави тенка кора со дебелина од половина, а може и помалку сантиметар. Се премачкува тепсијата со путер.
Се остава од страните од кората по околу 1,5 см. Се боцка со вилушка и преку целата се става хартија за печење ( никако алуминска фолија) и одозгора се става или ориз или грав за да не се подигне кората при печење. Се пече на 180-200 степении откако ќе стврдне се трга хартијата и се допекува додека не добие убава румена боја.
Се пермачкува бисквитот со филот и одозгора се реди со егзотично овошје или јагоди. Се редат врз филот во круг. Одозгора се прелива со желатин, приготвен по рецепт на кесичката. Кога е тартот со јагоди пожелно е да биде црвен желатинот.
Се остава да се олади убаво пред да се дегустира.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови