Припрема
1. Квасецот растворете го во 150 мл. топла вода во која ке додадете и лажичка шекер и брашно од одредената количина и оставете да се запени. Во сад измешајте го брашното со солта и додадете го веке запенетиот квасец и маслиновото масло(тие 2 лажици) па со рака или во миксер - изработете го тестото кое е меко и лесно лепливо за раката. Покријте и оставете на топло да стасува додека не го дуплира обемот.

2. На набрашнета површина со раце уште еднаш лесно премесете го без да го гмечите многу- поделете го на 4-четири еднакви дела, со раката оформете округла кора,(во случајот за разлика од останатите фокачо рецепти, ова тесто не мора да е тенко), преместете ги во таква во која веке сте послале хартија за печење, покријте и нека постојат 10 мин. малку да стасаат и се подигнат. По овој процес секој дел премачкајте го со маслиново масло- тие 100 мл. распоредете ги на сите четири дела.

3. На едно од тестата втиснете ги кришките од лимонот, посипете со ренданата кора од лимон и тимијан (мајчината душичка.)- најмногу 1/2 лажичка. На другото втиснете ги зрната од горзјето, посипете со свежо сечкан рузмарин. На третото втиснете ги шери доматчињата, исецканите чешниња лук и по вкус тимијан (мајчина душичка). На четвртото втиснете маслинките и рузмарин.
Посипете ги со малку крупна сол сите четири теста- фокачи.

4. Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени 20 мин. или толку време колку што бара вашата рерна за да бидат испечени.
И така.. ви изнапишав едно чудо тука предлози со различни и мешани вкусови,... оваа со грозјето на мене ми е фаворит, солено, зачинето, слатко... Уф, одлична е,.. А во догледно време ке ви напишам рецепт за слатко фокачо со црно грозје.
Рецептот е од ТВ - (Италијанска) малку покоплицирана постапка околу месењето на тестото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани