Повкусен и пофит појадок од овој - здравје.
1. Во сецко се става сончогледот, лешниците, медот и маслиновото масло.
2. Се блендира ситно да се исечкаат сончогледот и лешниците, а потоа се ставаат
кришките банана и пак се блендира да се добие помазна смеса.
3. Се зема оризовата галета и на неа се нанесува од намазот.
4. Одозгора се распоредува од микс коктелот, се служи веднаш.
Иако намазот е благ, а коктел миксот е малку солен, спојот на сите состојки е идеален,
појадок кој не одзема време, а е многу вкусен и хранлив.