Тиквиците се мијат и се сечат на кругови.
Се длабат во средината и се редат во тавата.
Јас подготвував во земјената тава.
На страна во сад се пржи ситно сецканото лукче и кромид.
Се додава и средишниот делна тиквето, а потоа и ренданиот патлиџан.
Се остава да испари сокот од патлиџанот.
Се зачинува.
Се трга од оган и се додава павлаката која претходно ја помешавме со пармезанот и босилекот.
Промешуваме и ги полниме тиквиците.
Попрскуваме со маслиново масло и ставаме во рерна околу 30 минути на тивко.
Прекрасен ручек. На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови