Подготовката на овие тестенини оди вака.

1. Најпрво се зачинува месото со сол, бибер, лимонов сок, малку масло и се остава околу половина час да се маринира. Потоа се пржи на грил тава отприлика по 7 мин. од секоја страна. Се остава да одстои додека се спреми тестенината.

2. Тестенината се вари според упатството од кесичката. Околу 3-4 мин. пред да биде готова, течноста се истура (се зачувува 1 чаша) па се додава павлаката, лукчето, сол, мелен свеж бибер, грашокот и течност толку колку што е потребно за да се направи убав сос. Се додаваат и 3-4 лажици рендан пармезан.

3. Месото се сече на тенки парчиња и се додава во сосот или се сервира врз тестенината.
4. Се сервира и обилно се посипува со мелен свеж бибер, пармезан, магдонос.

На здравје нека ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови