Брз и вкусен појадок кој може секој да го подготви, не бара ниту многу време ниту многу умешност во кујната.
Во подлабок сад се ставаат брашното, лененото семе и квасецот и убаво се мешаат. Се додава малку замлачена павлаката за готвење, јогуртот и јајцето и смесата се меша со вилушка. Одкако убаво ќе се спои се додава сирењето изрендано на поситната страна од рендето. Смесата убаво се изедначува и се остава 20 минути да се одмори.
Одкако ќе се одмори-ќе стаса со намастена лажица се црпи од смесата и се пржат уштипци на врел зејтин.
Уштипците најубави се додека се топли, а од умешноста зависи во која форма ќе ги добиете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани