Во редот на стотици рецепти за кифли, еве предлог за уште едни кифлички.
Празници не може да поминат без руска салата, кифлички, сарма...

1. Во сад го ставаме топлото млеко, шеќерот, 2-3 лажици брашно и квасецот. Промешуваме и оставаме да се активира на топло. Потоа во садот додаваме сол и брашно. Замесуваме мазно и нелепливо тесто. Сега го додаваме маслото, лажица по лажица и месиме постојано. Тестото ќе си го прима маслото без проблем, но можеби ќе бара 10 минути месење. Вака подготвено тестото го покриваме со чиста крпа или прозирана фолија и го оставаме да се дуплира.

2. Потоа го делием на 3,4 топки, кои ги расукуваме во правоаголни кори, па ги делиме на триаголници
Завиткуваме кифлички, во кои може да ставиме и фил по желба.
Ги оставаме да киснат 20 минути, ги премачкуваме со изматено јајце, наросуваме сусам и ги печеме во загреана релна да заруменат.
Испечени ги покриваме со чиста крпа, да одморат 10 минути, а потоа ги сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани