Многу едноставен и брз рецепт, нуди можност за експериментирање со состојките по вкус и желба.

1. Урдата поделете ја на 3 дела по 250гр. Во едниот дел ставете ја ситно сецканата шунка, во другиот буковата сол и во третиот сецканите маслинки. Користете од црните благи маслинки за да не ви дојде многу солено.
Во соодветен калап или пластична кутија наредете ги слоевите како сакате. Оставете во фрижидер да се спојат вкусовите и малку да се стегне па сечете парчиња. И толку =)

Добар апетит =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани