Прво сусамот се тостира на тава односно се запржува без масло додека да почнат да пукаат семките од сусам. Се остава да се олади. Крекерите од армониа ги мелиме. Сирењето го рендаме и ги додаваме ајварот, мелените крекери, 2/3 од сусамот и буковецот. Се' заедно се меша и од смесата се прават бомбици кои ги валкаме во остатокот од сусам.
Брзо и добро мезе за добри гости. На здравје.