Подготовка:

1. Најпрво се прави тестото. Се матат белките заедно со шеќерот и солта, да се добие убава густина. Урмите се сечкаат ситно и се мешаат со брашното и сечканите толчени ореви. Постепено се додаваат во смесата од белки и се меша со шпатула. Се става тестото во плех од рерна, врз хартија и се печи. Се загрева рерната на 250 С и потоа, кога ќе се стави да се печи тестото, се намалува на 190С. Се печи околу 25мин. Тестото се оладува во отворена рерна и се сечи на три ленти.
2. Глазура - Се топи, на рингла, чоколадото со маргаринот. Кога ќе се растопи, се додава јајцето и убаво се меша да се добие сјајна смеса. Со ова се премачкуваат сите три ленти.
3. Крем - На пареа се матат жолчките со млекото и шеќерот. Убаво се мати, а потоа се варат над пареа да се добие густ крем, околу 20мин. Кога ќе олади кремот, се додава омекнатиот маргарин. Кремот се дели на 3 дела и се филува тортата.
4. Постапка - Кора, чоко глазура, крем, кора, чоко глазура крем.  Одозгора се става хопла или шлаг.
Тортата е превкусна и богата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани