Печурките исчистете ги и извадете им ги рачките. Ставете ги превртени на хартија за печење премачкани со малку масло, сол и пимент или црн бибер. Печете ги во загреана рерна на 180-200 С 10на мин.

Обложете мало тенџерче или калап со рамно дно и ѕидови со стреч фолија.
На дното наредете ги печените шампињони со лицето кон газерот. Помеѓу нив ставете од рачките.

Исечкајте го магдоносот и поросете насекаде врз печурките.
Морковите изрендајте ги на крупно, малку посолете ги и ставете ги како нареден слој.
Премачкајте со мајонез.

Врз тоа следен слој од рендан кашкавал кој одозгора се премачкува со мајонез.

Потоа рендани кисели краставички, премачкани со мајонез одозгора.

Па ренданата варена шунка или било кое месо што ќе го изберите. Исто така премачкано со мајонез одозгора.

Компирите изрендајте ги оладени, посолете ги и ставете ги како последен слој.

Затворете одозгора со фолијата која висеше од тенџерчето и оставете во фрижидер најмалку 2 часа да се стегни.

Потоа превртете ја на рамна чинија, извадете ја фолијата и послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани