Најпрво се вари шербетот. Го зовриваме и го оставаме да поврие една минута. Додаваме ванила и го оставаме на ладно да се излади сосема.

Го приготвуваме филот. Водата и шеќерот ги ставаме во тенџерче да зовријат. Го додаваме гризот разматен со малку ладна вода за да не се напаравт грутки. Тргаме од оган. Во врелиот гриз го ставаме чоколадото да се стопи, додаваме сувото грозје и оревите, промешуваме.
Секоја кора ја делиме на два дела по должина. Секоја дел го попрскуваме со масло, го диплиме во три по должина, пак малку масло и на долниот агол ставаме едно лажиче фил и кората ја виткаме во тригона.
Така правиме со сите кори. Значи, една кора, две тригони.
Ги редиме во плех и ги потураме со по едно лажиче масло и ги ставаме да се печат околу 50 минути до 1 час на температура од 200 степени.
Ако се двоумите дали се печени, секогаш дозволете една минута плус, затоа што поубави се поиспечени и крцкави.

Кога се убаво испечени, извадете ги од рерната и оставете ги да се подоладат, односно да бидат топли, да можат слободно да се држат во рака. Тогаш врз нив истурете го ладниот шербет. Превртете ги еднаш до два пати и оставете ги така да стојат. Колку повеќе се отстоени, толку се поубави.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови