За филот, се матат јајцата со шеќерот, се додава врелата вода постојано матејќи, па ванилата, оревите, пецивото и презлата.
Секоја кора се прска со мешавината од вода и масло, се дипли на три, се става од филот, можеби 2 полни лажици и се формира тригона. Се редат готовите тригони на плех, па се печат во загреана рерна на 200 степени додека убаво не поруменат.
Шербетот варете го најмногу десетина минути, на крајот ставете некое крукче исечен лимон.
Врел шербет, ладни тригони.
Оревите не мора многу ситно да ги мелите, може и да остане некое покрупно парче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови