Секојдневниот појадок најчесто е монотон. Мармалади,салами, кашкавали...
Една промена за денешниов ден, не е на одмет.
На црно лепче премачкајте песто сос.
Наредете ги ливчињата босилек.
Ако користите моцарела во мали топчиња, ставете 4 топчиња, а ако имате едно парче големо, тогаш пресечете си 4 парченца, па наредете ги врз парчињата лепче.
Стекчето пресеќете го на тенкилистови и исчукајте го.Посолете го со црн бибер и сол,па запр
ете го со малку маслиново масло.
Наредете го на лепчето и него, па затворете со кругови домати.
Притиснете го со другото лепче па ставете го во апарат за тост сендвич. Притиснете благо, да се соединат состојките, да си се растопи моцарелата.
Нека ви е слатко со мојот предлог.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови