Јаболките се лупат и се рендаат на крупната страна од рендето. Се ставаат во подлабок сад и се додаваат шеќерот, зејтинот и циметот и промешуваме. Во киселата вода ја ставаме содата и мешаме со лажица. Потоа ја истураме кај претходните состојки и оставаме да стои така околу половина час. По половина час го дадаваме брашното и ја соединуваме смесата. Ставаме да се пече во загреана рерна на 250 степени половина час потоа ја намалуваме рерната на 100 степени 10-15 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови