Подготовка на тестото.
Најпрво на работната површина со спатола за тесто се изработуваат шеќерот и омекнатиот путер додека не станат мазнен крем.
Потоа на работната површина од брашното се формира фонтана, се додаваат кремот и остантите состојки и се формира мазно тесто. Тестото се остава да се лади во фрижидер пола час. Од изладеното тесто се формира кора во дебелина од 2мм и се префрла во претходно намастена тава за печење. Се печи во претходно загреана рерна на 170° додека зарумени или околу 15 минути.
Се остава да се лади, а во меѓувреме се подготвува мусот.
На пареа се топи чоколадото и се остава да се лади. Додека се лади чоколадото во друг сад се матат со миксер јајцата, жолчите и шеќерот, па се додаваат изладеното чоколадо и претходно изматената слатка павлака. Се меша со спатола полека и внимателно и се остава да се лади во фрижидер 3 часа.
Изладениот мус се мати неколку минути со миксер и се додава во испеченото и изладено тесто. Се декорира по желба. Од дозата излегуваат две торти со дијаметар 24см.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани