Многу вкусна и мека тортичка со богат вкус на портокал.

Изрендајте ја кората на портокалот, а портокалот исечете го на коцки и ставете го во блендер.
Во блендерот додајте ги млекото и маслото и изблендирајте убаво.

Во сад измешајте ги брашното, шеќерот, густинот, пецивото и кората од портокал.
Мешајќи со жица за матење, постепено додавајте ја изблендираната смеса од млеко, масло и портокал.

Ставете ја смесата во округол калап бр. 26( премачкан со масло и набрашнет).
За малку повисока користете калап 24цм.

Печете на 180 степени, 40-45 минути.

Оставете ја тортата да олади па посипете со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани