За пандишпан
Јајцата изматете ги со шеќерот, додајте брашно, пециво и изрендајте кора од лимон.
Ставете во тава за печење од 20 см. Јас користев тава за чизкејк на делимано.
Печете на температура 200 степени околу 20 монути.
Пандишпанот пресечете го на три дела.

За фил
Половина од млекото ставете го да зоврие, во друга половина од млеко додајте јајце, брашно, шеќер и ванила, изматете, додајте во зовриено млеко и мешајте додека не загусне, на крај ставете бело чоколадо.Оставете да остине.
Шлаг изматете.
Во истинатиот фил додајте шлаг и рендана кора од лимон, промешајте и филувајте ја тортата. Ставете во фрижидер да се стегне.
За желе
Желатинот ставете го во 50 мл вода да набабри.
300 мл вода ставете во тенџере да зоврие, додајте шеќер, лимонов сок, и желатин. Оставете малку да истине.
Врз торта наредете кругчиња лимон, прелејте ги со желе и оставете во фриждер да истине.
Готовата торта украсете ја со шлаг и парчиња лимон.
Тортата е многу вкусна со нежен фил од лимон.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани