1. За подготовка на пандишпанот, најпрво се матат жолчките со шеќерот. Кога ќе се изматат кремасто се додаваат полека на два пати по 5 лажици врела вода и секој пат се мати убаво да се добие убав густ крем.

2. На страна брашното се просејува со прашакот за пециво, а белките се матат во цврст снег со прстофат сол.

3. Во кремот од жолчки постепено, наизменично додавајте го просеаното брашно и снегот од белки. Мешајте внимателно, не со миксер.

4. Измешаната смеса ставете ја во намастен калап, поставен со хартија за печење. Пандишпанот печете го на 180Ц околу 40-45 мин.(пробајте со чачкалица). Ако почне да ви потемнува покријте го со фолија и допечете го.

5. Готовиот пандишпан оставете го убаво да се олади.

6. Од кокосовото и обичното млеко се вари пудинг на стандарден начин. Кога ќе почне да се згуснува, веднаш се трга од оган, се става во поголем сад со вода и се меша за да се излади на собна температура.

7. Путерот на собна температура, се мати со миксер за да стане кремаст и полека му се додава пудингот и кокосот. Кремата во оваа фаза не е многу густа и лесно се размачкува.

8. Пандишпанот се сече на пет дела и се филува на следниот начин, кора-мармалад од малини-крем од кокос, кора-мармалад од кајсии-крем од кокос и така уште еднаш. Последната кора не се премачкува.

9. Се мати слатката павлака и со неа се украсува целата торта (јас за делот одозгора додадов розева боја)

10. Од страните се украсува со толчен крокант. За него шеќерот се загрева за да се добие светол карамел, му се додаваат претходно потпечените лешници и смесата се излива на хартија за печење за да се олади и стегне. Потоа се крши со толчник и се користи за украсување.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови