Во длабок сад за матење ставете ја рикотата и шеќерот.
Изматете ги убаво со миксер.
Со непрекинато матење додајте ги јајцата.
Матете уште 5 минути, а потоа додајте го брашното измешано со пецивото.
Измешајте убаво со жица за матење и додајте го какаото и растопениот путер.
Уште еднаш изматете убаво со жица за да не останат грутчиња.
Смесата истурете ја во округол калап со обрач, премачкан со путер и набрашнет.
Печете на 180 степени, 30 минути.

Во меѓувреме на пареа растопете го чоколадото со малку масло.
Испечената и изладена торта премачкајте ја со растопената чоколада и послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани