1. Загрејте ја рерната на 160 ° -170 ° Ц.
2. Измелете ги оревите со половината од шеќерот да се добие еден вид на орево брашно.
3. Исечете го чоколадото на мали кквадратчиња.
4. Одвојте ги жолчките од белките. Изматете ги белките да станат како цврст снег.
5. Изматете ги жолчките добро со останатиот шеќер. Додајте го брашното од ореви, чоколадните коцкички и зашеќереното овошје ако тоа го сакате.
6. Додајте го снегот од белките и измешајте нежно.
7. Истурете ја смесата во тавче обложено со хартија (онаа за печење) или во подмачкано тавче со путер.
8. Печете ги во рерна околу 20-30 минути, додека тортата не потемни.
Тортата треба да биде мека затоа направете го пробниот тест со дрвена чепкалка, која треба да биде сува кога ќе се извади од внатрешноста на тортата.
Рецептот на оваа торта е кус и едноставен, но слаткото задоволство кога се топи паречето во устата е врвно доживување. На здравје и буон апетито!
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер ; Касерола

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани