Тортичка во форма на елка добредојдена за престојните празници.
За подготовка на оваа тортичка најпрво пудинзите заедно со шеќерот измешајте ги заедно со млекото. Варете ги на тивок оган се додека не добиете густа смеса. Оставете ја смесата да излади и изматете го маргаринот внатре во смесата.
Поделете ја на три дела. Во едниот дел ставете ги бисквитите, во другиот оревите и во третиот кокосот. Најдолниот дел ставете го тој со бисквитите, над тој дел делот со оревите и најгоре делот со кокосот. Тортата обликувајте ја во форма на конус. Премачкајте ја со избиениот шлаг цела торта и наредете црни и бели чоколадни топчиња.Уживајте!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови