Со оваа торта на тимот на Мои рецепти, неговите членови - готвачи и на сите посетители на рецептите ви го честитам празникот Велигден - За многу години!

Подготовка на пандишпанот
Одделете ги жолчките и белките.
Жолчките изматете ги со водата, постепено додавајте го шеќерот(само 125 гр) и продолжете со матењето да се добие светла кремаста смеса.
Додадете го путерот, ванилата и кратко изматете ги да се изедначат.
Со чисти мешалки изматете ги белките со останатиот шеќер(75 гр) во снег и додадете ги во жолчките. Измешајте ги со жица. Додадете ги брашното, нишестето, пецивото и убаво измешајте ги да нема грутчина.
Смесата ставете ја во намачкан со путер и набрашнет калап бр. 26 или 28 и печете на180 степени околу 30 мин во загреана рерна.

Подготовка на филот
Пудингот сварете го со млекото и шеќерот и оставете го покриен да олади.
Чоколадата стопете ја на пареа и оставете ја да олади.
Путерот изматете го, додадете го пудингот и на крај стопената чоколада. Изматете ги убаво да се изедначат.

Филовање
Пандишпанот исечете го по малку од двете страни да добиете форма што личи на јајце. Добиеното јајце - пандишпан исечете го хоризонтално на два дела. Едниот дел попрскајте го со малку топло млеко и премачкајте го со околу половина фил.Ставете го и другиот дел пандишпан, попрскајте го со млеко и целата торта премачкајте ја со останатиот фил.
Украсете ја со шлаг, кокос, чоколада и сл. или по ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани