1. 6 белки се матат со 6 г.лажици шеќер, се прави шампа и се додават 6 г.лажици брашно и се намалува брзината на матењето на миксерот.
2. На плех се става хартија за печење на торти и на дното се стават оревите и лешниците, врз нив се става тестото од белки и се става да се пече.
3. Се става 800 мл млеко да се варе со ванилен шеќер. 200 мл млеко се меша со 2 пудинга и 2 лажици брашно настрана и се додаваат во млекото и се прави фил.
4. 6 жолчки се матат со 100 г шеќер и се дадаваат во млекото и се праве смесата за фил. Кремот се остава да се излади.
5. Маргаринот се мате со 100 г шеќер во прав и во него се додава претходно изладениот крем. Кремот се дели на 2 дела со што едниот дел останува кремаст, а пак на другиот фил му ставаме претходно на пареа растопеното чоколадо и тој фил ни станува кафен.
6. Изладеното тесто го вртиме на обратната страна со што оревите и лешниците да се на горната страна од тестото, врз нив мачкаме од еурокремот а врз него редиме бисквити. Го ставаме кремавиот фил, по него ставаме и од кафениот фил и на крај ставаме или рендано чоколадо или ореви или по ваша желба. Го ставаме да се стегни

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови