Меркиве за рецептов се произволни,сами ќе видите колку ќе ви треба од состојките.Одприлика со овие состојки можат да се наполнат два мали керамички садови.
Прво целиот сад се обложува со сланина,а краевите треба да се надвор од садот.
Се реди кашкавал,па печеница па печурки.Постапката се повторува уште еднаш.
Се преклопува со сланина и се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути.
Се служи топло.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови