Покрај класичните и овошните рецепти за тирамису еве и еден предлог кој во составот нема јајца.
Подготовка на филот.
Маскарпонето и кондензираното млеко убаво измешајте ги со жица да нема грутчина. Потоа со миксер изматете ја слатката павлака, додајте ја во смесата со маскарпоне и повторно со жицата измешајте да се изедначи.
Кафето ставете го во чинија и додајте го румот.
Половина од пишкотите лесно натопете ги во кафето и наредете ги во правоаголно плехче (20х35). Ставете пола од филот, порамнете го и одозгора наредете ги останатите пишкоти натопени во кафето. Ставете го останатиот фил, порамнете го и посипете го со чоколадо во прав.
Покријте го со фолија и оставете го во фрижидер да се стегне, најдобро преку ноќ.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани