Едноставни, декоративни, вкусни пралини.

Прво печената тиква се пасира со вилушка или може да се стави 1 лажица млеко и да се измиксира. Потоа се додаваат оревите, бисквитите, циметот.
Количината на мелени бисквити ќе зависи од водливоста на самата тиква.
Јас ставив само 100 гр бисквити и воопшто не ставив шеќер, бидејќи тиквата беше сува и многу блага.
Убаво со рака се изработува смесата.
Над пареа се растопуваат белото чоколадо со маслото.
Силиконски калапи користев за овие мои измислени пралини или ако ви е полесно, формирајте бомбици и прелејте ги со бело чоколадо.
На дното на секој силиконски калап (модличка) се става по малку од растопеното чоколадо.
Се остава убаво да се стегни.
Потоа се прават форми како бадем се полни убаво модлата и одозгора пак се покриваат со растопеното чоколадо.
Нека се стегнат убаво, па внимателно се вадат од калапите и се сервираат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани