Квасецот се потопува во млакото млеко и се остава да стаса. Со веќе стасаниот квасец се замесува тесто со останатите состојки и се меси додека се добие глатко-мазно тесто. Тестото се остава да се одмори околу 40 минути, а потоа се прават штрудли по желба.
Овој пат кај мене тоа беа пица штрудла со виршли и штрудла полнета со џем од сливи и чоколада.
Ова тесто е добро и за пица, па јас така од едно тесто направив пица и две штрудли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела