Време е на брокула па еве еден предлог за едноставно и вкусно јадење.
1. Тестенините ставете ги да се сварат во посолена, зовриена вода и потоа исцедете ги.
2. Брокулата разделете ја на цветчиња и ставете ја да се свари во зовриена вода малку да омекне. Доволни се само 5 мин. Потоа исцедете ја од водата.
3. Сланината исечете ја на помали коцки и пропржете ја на малку масло да зацрвени. Додајте ги тестенините и брокулата и измешајте ги. Додајте сол и бибер по вкус.
4. Помало плехче намачкајте го со путер, посипете го со малку презла и ставете ги тестенините. Порамнете ги.
5. Јајцата и двете павлаки изматете ги со вилушка и со лажица рамномерно ставете ги над тестенините.
6. Ставете ги да се потпечат во загреана рерна на 200 степени околу 25 мин.
7. Послужете ги топли со салата по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани