Ова јадење потекнува од Италијанската кујна кое се нарекува витело тонато или по наши речено телешко со туна.

Месото се посолува, се става во тенџере, се додава зеленчукот на цели парчина и зачините, се залева со виното, водата и малку масло и се вари околу 2 часа на среден оган додека месото да омекне.
Се остава да олади во течноста, потоа се подготвува сосот.
Туната, исецканите јајца, капарите, инчуните и 5-6 лажици од течноста што се варело месото се ставаат во бледер и се блендираат да се добие кремаста и мека смеса. Во подготвениот сос се додава мајонезот и се меша со лажица.
Месото се сече на тенки парчина, се ставаат на чинија, се премачкуваат со сосот и се украсуваат со капари. Се служи ладно.

За инчуните
Инчуните се морски рипчина слични на сардините само што се помали и поситни. Се продаваат во теглички со масло или само со сол.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани