Вкусни, превкусни, топло ви ѓи препорачувам....

1.Најнапред во зовриена солена вода се става пастата да се вари према упатството на паковањето.Се цедат и се оставаат на страна.

2.На малку масло се пропржува сецканото филе. Се вади од тавата.

3.Се става путерот да се растопи и малку масло, па се додава сецканиот кромид да се пржи со малку сол. Се додаваат печурките, па лукчето, сето тоа да се пропржи убаво. Додавам и малку мелен црн бибер. Потоа се додава брашното, убаво се пржи и се додава млекото.Се меша постојано додека згусти сосот и добие на густина. Ги додаваме зачините по желба и вкус, па филето. Сосот е готов.

4.Се излева во таљателите, убаво се мешаат, се наросуваат со пармезан или ситно рендан кашкавал.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани