Во тенџере на оган со 1,5 врела вода ставте го гравот претходно добро измиен и додајте ја ситно исецканата поливина главица кромид оставте да врие, но постепено додавајте врела вода додека да се свари. Во тава на оган ставте ја маста со 1/4 ситно исецкан кромид. Откако ќе почне кромидот да црвенее додајте го благиот црвен пипер, промешајте да се соедини и додајте го сварениот грав. Потоа додајте половина лажица сол и нежно промешајте.

Зачинетето мелено месо оформете го во ќофтиња па испечете ги во тава на загреан зејтин. Испечените чофтиња ставте ги во земјената тава. Над ќофтињата истурете го гравот и со лажица распоредете го подеднакво на сите страни. Потоа на површината од гравот ставте 5 лажици од зејтинот во кој се печеа ќофтињата.Ставте го во загрена рерна да се пече околу 40-50 минути додека да се испари водата. Откако ќе се испече оставете го 30 мин да се излади па сервирајте.Добар апетит.

Забелешка-По желба пред да го ставте да се пече може да додадете на површината пипер буковски доколку сакате луто па ставте го во перна да се пече.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани