Најпрво вообичаено го вариме гравот. Кога ми е за тавче во варењето не ставам кромид, лук и пиперка инаку ставам. Внимаваме да не го превариме оти во рерната ќе го печиме повторно.
Го ставаме месото во поголем сад и тука го додаваме кромидот, јајцето, сенфот, зачините, презлата ја мешаме со прашокот за пециво и во неа додаваме вода да се навлажни убаво. Потоа и неа ја додаваме во смесата. Месиме убаво да добиеме хомогена смеса. Потоа оставаме малце смесата да постои можи и преку ноќ, но можи и еден час. Ги формираме ќофтињата и ги пржиме во тава на масло, но не премногу. Потоа ги вадиме во чинија и ги оставаме настрана.
Гравот го истураме во тавата во која ќе го печиме. Го затоплуваме на рингла. А во меѓувреме во тавата со масло во која се пржеа ќофтињата додаваме малку сецкан кромид и лук. Кратко пропржуваме го додаваме брашното и тоа го пропржуваме, на крај и црвената пипер, неа само ја промешуваме и целата смеса ја истураме во тавата со гравот. Убаво промешуваме. Пробуваме уште еднаш за вкус. Ги редиме ќофтињата врз гравот. Печеме во релна додека да стане густо што го проверуваме со занишување на тавата дури се пече.

Добар апетит!

П.С Знам дека сите го правите ова, но да ве потсетам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови