Се сечат доматите на половина, алуминиумска фолија се става на плех и се редат доматите, се попрскуваат со маслиново масло, се сецка врз нив лук, се става рузмарин, се посолуваат, малку шеќер и се ставаат да се сушат 2 часа на 100 степени во рерна. Потоа се исклучува рерната и се оставаат уште 30мин.
Во тегла се додава малку маслиново масло и сол, се редат сушените домати, му се додаваат неколку чешњина лук, се дополнува теглата со масло.
Вака припремени можат да стојат во фрижидер 6 месеци. Се служи како прилог, со секакво месо,компири,скара.....

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови