Ставете го квасецот во млакото млеко, шеќерот и малку брашно и оставете го петнаесетина минути.
Додајте го маслото, солта и брашното и измесете нелепливо тесто.
Нека се одмори отприлика половина час.
Поделете го на 25 топчиња (ако сакате помали земички, ако не тогаш по ваша желба).
Јајцето изматете го со малку сол и секое топче тесто макнете го во јајцето па во сусамот (претходно јас сусамот го тостирав).
Наредете ги во плех и одозгора ставете им мало парче маргарин.
Нека киснат така половина час.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени, отприлика 15-20 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови