Од последната прошетка, книгата со рецепти и новите вкусови кои со себе го донесов......

Прво подгответе ја зачинската мешавина. Сите зачини столчете ги во аван додека не се претворат во фин прав.
Леќата измијте ја во сито под млаз вода, ставете ја во поголемо тенџере, додајте ја водата и ставете да зоврие. Распенете, па оставете да се вари на средно силен оган.
Во мало тавче растопете го путерот, додајте го сецканиот кромид и пржете додека не стани проѕирен. Додајте ги зачините, протиснатиот лук, промешајте, па додајте ги сецканите излупени домати. Нека се пропржи кратко, па додајте го во тенџерето каде се вари леќата. Сувите лимети дупнете ги на две - три места со врвот на ножот, додајте ги во леќата и оставете да се вари околу 40 - 45 мин.
Додајте ги искршените тестенини, посолете по вкус, ако ви изгледа прегусто додајте уште малку вода, па варете на тивко уште околу 20 - 30 минути додека леќата и тестенините сосема не омекнат. Истиснете ги лиметите да ја испуштат содржината и извадете ги од супата.
Додајте по желба и малку ситно сецкан магдонос.
Послужете жешко, со леб и салата.
Можеби изгледа крајно необично, или мојата пасија за Арапската кујна не престанува никогаш, ама навистина е многу вкусно... Сувите лимети се подготвуваат со долготрајна постапка на варење во солило и сушење, јас си ги купив готови... Зачинската мешавина си ја направив сама, во количина доволна за едно јадење, со стоење по малку се губи мирисот како и да ја чуваш... Таа е количината наведена во рецептот..
Можеби ќе ви се бендиса, можеби само ќе ве заинтригира....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани