Се сецкаат сите зеленчуци. Не е битна формата затоа што подоцна тие ќе се блендираат, но да се внимава на морковот, целерот и кромидот да се со иста големина за да бидат воедначено сварени. Се загрева маслиново масло во тенџере, се додаваат морковот, целерот и кромидот и се пропржува малку, а подоцна се додава и лукот. Кога зеленчукот ќе омекне се додава доматот и вода. Се додаваат зачини: сол, шеќер, кориандер, рузмарин, копар, босилек, бибер (по избор). Се остава да врие, мешајќи повремено, додека доматите не се распаднат и морковите не станат меки. Може да се додаде и доматно пире.
Се исклучува огнот и се остава да се излади 15 минути. Сварениот зеленчук се блендира во маса, а потоа се поминува низ цедалка. Поентата на цедењето е да се отстранат лушпите од доматот и семките, но да се процеди остатокот од зеленчукот. Ако се користи премногу фина решетка на цедалката ќе помине само сокот од доматите. Потоа супата може да се зачини повторно и да се додаде соја сос. Прекрасна свежа, веганска супа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови