Оваа проја со комбинирање на состојки по мој избор, испадна повеќе од превкусна и верувам дека откако ќе ја пробате и Вие ќе се уверите во истото и дека овој рецепт ќе ви стане вистински избор за вкусен доручек. Додавањето на гризот во сувите состојки, и на газираната вода во течните состојки, ја прави сочна и мека како сунѓер.

Подготовка
1. Во длабок сад ги матиме јајцата и солта (со рачна маталка или кратко миксираме со миксер). Ги додаваме наведените течни состојки - соединуваме. Потоа ги додаваме постепено и сувите состојки - соединуваме до хомогенизирање. На крај ги додаваме кашкавалот и шунката, промешуваме.
2. Оваа смеса ја истураме во тавче во кое на дното сме ставиле хартија за печење. Одозгора посипуваме со сусам. Печеме во загреана рерна на 200 степени до заруменување (проверете со чачкалица).

*Забелешка - Јас користев тавче број 28, но може да ја направите и во тавче број 26. Како додатоци по избор на децата се одлучив за кашкавал и шунка, но вие може да додадете што сакате по ваш вкус. Доколку се одлучите за сирење, намалете на солта, имајќи предвид дека сирењето е солено. Оваа смеса за проја е поретка од класичната, но да не ве буни тоа...така и треба да биде.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани