1. Во тенџере се вари пудингот заедно со млекото и шеќерот. Додека е врел се става во 6 филџани (зависи од големината)кои претходно се наквасени со студена вода.Во секој филџан се става по едно тркалце банана и се остава да се олади пудингот.
2. Со мал нож се поминува околу филџанот и се вади пудингот од финџалите. Се увалкуваат во кокос и се декорира со преливот од малинки.
3. Прелив
-Се става на рингла малинките и шеќерот да зовријат. Потоа се додава нишестето измешано со малку вода и се додава во малинките. Преливот е готов.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани