1. Со млака вода се замесува тесто од состојките за тесто. Се дели тестото на 8 топчиња. Три топчиња се расукуваат да бидат со дијаметар околу 20 см двете од нив се премачкуваат со масло. Се ставаат едно врз друго, третото непремачкано најгоре и се сука кора поголема од тавчето. На намрсено тавче се става кората.
2. Другите топчиња се расукуваат со сукало и со секое расукување се става брашно за да се направат во големи кори.
3. Секоја кора се попрскува со масло и со измешаното сирење со урда. Па се собира од едната и од другата страна ( не се витка, се собира како фалти) и се става врз првата кора покрај ѕидовите на тавчето.
4. Следните кори исто така се сукаат, премачкуваат, филуваат, собираат и од сите кори се покрива дното на тавчето, врз првата кора. Ако ни останал дел од филот го ставаме врз корите. Последното кориче го виткаме и го ставаме во средина на питата.
5. Со првата кора се покриваат од сите страни другите кори, се мачка со јајце , се посипува со сусам и се остава да стаса некои 15-30 минути.
6. Се пече во загреана рерна на 220 степени додека да поцрвени.

Забелешка
За питава употребив црно брашно, со бело е многу полична. Количината на водата која се става за замесување зависи од брашното. Има брашно кое се „пушта“, па некој пат си имам мака за сукање со него. Таквото брашно треба да се замеси на потврдо.
За оваа количина на брашно питава ја печам во најголемото тавче што ми го собира во рерна затоа излегува вака тенко. Доколку сакате можете да ја печете во помало тавче, при тоа сметајте на количината брашно и тоа колку ќе ви биде висока кога ќе потстаса и се испече.
Времето на стасување зависи од топлината на просторијата во која ќе стасува. Некој пат ми треба повеќе време за стасување, а пак некогаш за час стасуваат тестава.
Ако сте љубители на повеќе фил т.е.сирење можете да ја зголемите дозата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани