Подготовка:

1. Путерот и шеќерот ги миксираме. Кога ќе се спојат го додаваме таанот или путерот од кикиритки и повторно миксираме. Овде кај мене на сликата се едните со таан, а другите со путер од кикиритки.

2. Се додава брашното и прашокот за печење, прстофат сол и се меси. На крај се додава сокот од лимонот или вода или мешано.

3. Треба да се добие ронливо тесто, кое кога ќе се стисни во дланката треба да ја задржи формата, да не се растресува. Значи, не додавајте повеќе вода ако нема потреба, оти нема да ви се ровки колачите, а верувајте ми на јадење изгледаат купечки, иако изгледот е рустичен. Чоколадните капки можи да ги додадете во тестото, откако ќе ги формирате одозгора или и така и така.

4. Тестото се завиткува во најлон фолија и се остава половина час во фрижидер. Потоа се оформуваат мали топчиња кои нежно се сплескуваат, се редат во плех со хартија на растојание и се печат на 180С 12на до 15 мин. Зависно од рерната. Извадени од рерна сеуште се меки, но штом оладат, се стрврднуваат.

Складирајте ги во затворена кутија за колачи. Како суви колачи можат да траат најмалку една седмица и повеќе.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови