Подготовка на пандишпанот
Јајцата, шеќерот и ванилата изматете ги во светла кремаста смеса. Додајте го маслото ималку изматете го. Брашното, какаото и пецивото измешајте ги и додајте ги во смесата и со лажица убаво измешајте ги.
Смесата истурете ја во подмачкан со путер и набрашнет калап (26) и ставете ја да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 15 мин.
Печениот пандишпан оставете го да олади и подгответе го филот.

Слатката павлака со медот изматете ја додека се зацврсти потоа додајте го кондензираното млеко и доизматите да се изедначат. На крај додајте ја чололадата и измешајте ја со лажица.
Пандишпанот исечете го на половина. Исфиловајте го на средина со половина од филот и половина одозгора.
Оставете ја во фрижидер малку да се излади, потоа послужете ја.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани