Се сецкаат лукот и стекот на коцки, на загреана тава со масло се ставаат да се пржат. Во текот пржењето се додава сол, бибер и магденос се пржат додека стекот убаво не се испржи. Во меѓувреме се лупат компирите се сечкаат се ставаат во тава премачкана со масло се додава и сол на нив. Се печат 20 мин. на 250 степени, додека тие се печат се ренда кашкавалот, се сецка сланината, и празот.. откако се е спремно а компирите испечени се ваѓаат од рерна (рерната може да се намали на 200 степени но да се остави уклучена)..потоа над компирите се става пола кашкавал потоа павлаката за готвење потоаа се става цел стек, па се достава кашкавалот, сланината и на крај празот. Сето тоа се враќа назад во рерна да се покрчка уште 10-15 минути..и јадењето е готово ...пријатен ручек

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови