Прекрасна пита, колач, подготвена со домашни кори, кои имаат прекрасна боја од мармаладот.
Филот е многу вкусен и богат.
Јас ја подготвив во мрсна верзија со млеко, путер...
Предност е што може да биде и посен колач,кој е многу вкусен и издашен.
Топла препорака да ја подготвите, и покрај тоа што бара повеќе внимание за спремање.
Нека ја разубави оваа старинска пита/колач вашата празнична трпеза и нека ги разбуди спомените од детството.

Прво во тенџере ги ставаме водата, шеќерот, мармаладот и маслото.
Оставаме на тивок оган да проврие 2,3 минути.
Тргаме од оган и оставаме да се излади.
Потоа во сад ги соединуваме брашното, пецивото и содата.
Ги додаваме овие состојки во течните, и замесуваме мазно, прекрасно тесто.
Го делиме 5 топки.
Може да ги мериме да ни бидат сите исти.
Сега земаме хартија за печење.
Кроиме 5 исти листови со димензии одприлика 35х25 цм,или 35х35цм
Од секоја топка расучуваме правоаголна кора и ја поставуваме врз првиот лист хартија, а може да се расучи и дирекно на хартијата.
На ист начин ги правиме 5 кори.
Релната треба да ни е загреана на 170 степени.
Секоја кора ја печиме по 5,6 минути.
Испечените кори ги ставаме да се изладат.
Го подготвуваме филот.
Во тенџере ставаме млеко, шеќер, рум, путер, чоколадо, какао.
Оставаме на тивок оган да се соединат и да проврие смесата заедно 2,3 минути.
Тргаме од оган и оставаме да се излади малку.
Додаваме ореви и бисквити.
Соединуваме.
На даска за колачи ставаме прва кора.
Ставаме од млакиот фил и убаво израмнуваме.
Ставаме 2 кора, фил, трета кора, фил....
Оставаме колачот на ладно да одстои 2,3 часа.
Потоа нанесуваме растопено чоколадо и посипуваме мелени ореви.
Сечиме на парчиња и послужуваме.
Уживаме во прекрасниот вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани