1. Во еден сад ги мешаме јајцата,урдата и сирењето да се добие хомогена смеса.
2. Секоја кора ја попрскуваме со една лажица зејтин и една лажица кисела вода ја свиткуваме на пола и по целата должина ставаме од подготвениот фил.
3. Краевите на кората малку ги свиткуваме на внатре за да не ни излезе филот и виткаме во ролат.
4. Свитканите ролати ги редиме во подмачкана тепсија и одозгора ги попрскуваме со кисела вода.
5. Вака спремените стапчиња ги печеме во загреана рерна на 200 Ц. околу 20 мин.

.............Стапчињата ги служиме со кисело млеко или јогурт..............

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови