Интересни колачиња ко ги подготвив за денот на вљубените. Од оваа количина испаѓаат многу.
Да почнеме со подготовката.

1. Во сад настрана преку сито го сееме брашното, густинот и солта.

2. Во миксер го ставаме маргаринот да се измати пенесто. Потоа го додаваме шеќерот.
Повторно матиме убаво да се соедини, па ги додаваме јајцата и ванила екстратот. Јајцата мора да се отстојани на собна температура.

3. Кога е се изедначено, полека, лажица по лажица го додаваме брашното со густинот. Ќе се направи една многу убава смеса, која никако не лепи. Поделете ја на два дела и во едниот дел ставете и прехрамбена боја, па пак пуштете миксерот нека мати. Од двете теста, растегнуваме кори со иста големина. Ги растегнуваме на најлонска фолија па ги ставаме двете во ладилник да постојат околу 30 минути. Ги вадиме од ладилникот и ги сечеме на ленти со дебелина од 1 сантим. Ги мешаме една лента обична една лента виолетова боја. Така спремните кори ги покриваме со најлонската фолија и пак ги минеме уште еднаш со сукалото, да се изедначат смесите, да се спојат.

4. Потоа со калап во вид на срце вадам форма и веднаш ги редам на хартија за печење.
Печам во загреана рерна, но пазам на бојата при печењето,да не потемнат, да пожолтат, туку да си ја задржат убавата виолетова боја.
Штом се запечени, ги вадам од рерна. Оставам да се изладат а потоа ги вадам од тавата, па ги пакувам да се спремни за поклон.
Нека се на здравје, нека е среќен празникот кој го слави .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови