Еден малце поинаков чизкејк, многу освежителен. Кога имаш залихи на продукти и не знаеш што благо да направиш за Валентајн секогаш ти текнуваат генијални и вкусни идеи.

На пареа се топат путерот, ванилата, медот и маџунот. Доколку немате маџун или мед, може да ставите само мед или само маџун, но вкусот е неверојатен со двете. На хартија за печење формирајте срце, а ако имате калап можете и во калап, а може и друга форма нормално. Се пече на ниска температура, 150-180 колку да зацрви убаво, а на допир сеуште ќе биде меко. Во тенџере се варат боровинките со малку маџун и ванила, со оглед на тоа што боровинките се смрзнати нема потреба од вода, доволен е маџунот. Кога ќе почне да врие се додава пудингот измешан со малку вода и мешате додека да се згусне. По желба додајте една бела чоколада да се растопи во врелиот фил. Филот се нанесува на подоладеното тесто исто малку подоладен и се остава на страна убаво да се излади. Од шлагот и млекото се мати шлаг пена, на страна се мати павлаката со шеќерот во прав и се спојува со шлагот, по желба во овој шлаг може да додадете кора од портокал, лимон или лимета, со малку сок. Шлагот ќе биде помек и многу полесен за јадење, а сепак сладок. Се декорира со половинки тенко сечени портокали и се лади во фрижидер убаво да се спојат слоевите.

Ова е еден рецепт кој се формираше додека се мешаше и морам да кажам дека од сега натаму нема да направам класичен чизкејк. Може да се направи со секакво овошје, пример портокали со пудинг од ванила, мераци....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови