Полесно нема никаде ми се чини.... подобро исто така, ова средство е најдброто од палетата на дома припреманите средства. Фантастично, а и паметно искористени кори на портокал. Може да се користат корите на сите овоштија од фамилијата на цитрусите, можете и мешавина на кори од цитрусите... , значи ништо полесно, а ефектно. Аромата е друга приказна. Нежна нота на портокалов аромат....

1. Корите од портокалот насечете ни на ленти и соберете во тегла благо притиснувајки ги.
2. Залијте ги со алкохолен оцет и нека одстојат 2 недели.
3. Процедете, соберете во шише или боцата со прскалка...

- Со ова средство успешно (докажано веќе) се бришат плочките, санитариите, рерните и ринглите од шпоретите, стакло, сите кујнски елементи, фрижидери - останува да го тестираме на ткаенини, да исчистиме некоја флека, но тоа допрва ќе тестирам и обавезно ќе јавам.....
Не сум го пронашла овој рецепт на интернет, го спремав по сознанијата од мојата драга Тања, откако го поставив и видов коментари.. дури тогаш се осознав дека го имало веке со мали измени, но го има... останува на вас да одлучите...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани