Квасецот се става да стаса во затопленото млеко со шеќер. Брашното се меша со лененото семе и заедно со квасецот и др состојки се замесува тесто. Убаво се изработува тестото и се остава да стаса.

Фил
Сирењето се дроби со вилушкаи се меша со павлаката и 2 белки. Се додава и сончогледот.
Одкако ќе стаса тестото се дели на 3 дела. Во подмачкан плех се реди една кора, се премачкува со маст, па со половина од филот. Убаво се распоредува филот по цела површина. Се става втора кора, маст, останатиот фил и се става 3 кора.
Се засекува питата на ленти со ширина околу 3 см и секоја лента се витка како спирала. Се премачкува питата со 2 жолчки, се поросува со сусам и се остава да стаса.

Се пече околу 30 минути на 200степени.
Место маст може да се употреби маргарин, но маста го држи тестото помеко. Филот може да се збогати со сувомеснато, но питава одпатува за викенд и посигурно ми беше без сувомеснато. Мека е многу и вкусна и доста излегува. Сончогледот и дава интересна структура и за оние кои што сакаат грицки одлична е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани